носи (гл.) - леб (имн.)

Секојдневно тој доаѓаше во домот и со своето како глувче подвижно коњче на малечка двоколка ни носеше леб.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Честопати ме пресретнуваа де полицајци де војници и ме испрашуваа дали во шумите има партизани и дали им носам леб.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Жените од селата ни носеа леб, пити, сирење, пржени јајца со свинско.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Носи леб и сол, залак.; Мира клекнува пред него. Борис зема залак. Мира клекнува пред него. Борис ја погалува по глава.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Жените способни, да носат леб, пушки, фишеци, бомби!...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Поминува пол час и повеќе. Мајка му се враќа. Во торбата носи леб.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)