носи (гл.) - крв (имн.)

Пијанството, што го носеше крвта, сетена на острината од гладните секачи, завладуваше пред неговите очи над сите тие парталави, тела, а ударите на забите по секој празен заграб ги тераа да завиваат од таа ужасна грозница; беше една глад, кој ништо не беше во состојба да ја утоли; таа растеше со секој дофатен залак, таа побеснуваше во својот лудечки занес, разгорувајќи се, тука, пред неговиот прозорец, а нејзините писоци од болка и од настрвеност говореа и за можноста од тој испреплеткан јазел на крвавото беснило мнозина од нив да излезат и без своите сопствени колкови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Историја: амил нитритот е откриен 1857-та година, а веќе 1867-та бил употребуван во терапијата на ангина, поради способноста да го намалува притисокот со проширување на крвните садови што ја носат крвта до срцето.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ме носи крвта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)