носи (гл.) - име (имн.)

Значи, во XIV век Македонците официјално го носеа името Срби, коешто немаше зошто да го презираат и да се лутат на него. Во тоа име тие не наоѓаат ништо лошо.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Некој што го носи името Петар не си го клал самиот името, туку му го клале други.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа е и причината што еден дел од наведените ѕвезди на веласкеезовското девојче ги носат имињата на мајсторите на создавањето на вештачкото, авторите на сликарските фантазии какви што се Бош, па холандскиот сликар Фабрициус, современиот ироничен играч Китај или пак стрип- цртачот на соновидните патеписи на малиот Немо, Виндзор Мек Кеј.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сепак меѓу парижаните, па и кај сите французи, Сурен најмногу е познат по една своја знаменитост, по, речиси, најголемата болница во Франција, која го носи името на Фош, командатот на сојузничките сили на Првата светска војна.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Познатата хемиска индустрија „Баер“, една од четирите производители на полиуретанот со светот, на два патнички брода на Рајна, веднаш до сајмиштето, имаше организирано изложба, која го носеше името „Визиона II“ и на која го имаше презентирано полиуретанот во сета своја функционалност.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Таа се наоѓа во најголемиот пасаж, во безистенот на покриената чаршија на овој град, која го носи името „Едлер“ пасаж, и која е полна со дуќани, продавница, кафеани.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тој беше најстар од сите внуци и го носеше името на дедо.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Тој човек што може да го носи името на кој и да било наш познајник можеби знае уште една тајна: Рубина Фаин под се почесто повторниот знак Post scriptum го пишува и потаму своето писмо до Едвард Жорес за судбината на малите земји и за луѓето во нив, оние луѓе на кои исто колку и на големите им припаѓа земјата и источниот изгрев.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Најсвежо расцветаните цвеќиња на гранките на ова чудно генеалошко дрво го носат името Joachim Mogarra; Thomas Hirschhorn; Gilles Barbier; Saverio Lucariello; Philippe May- aux; Véronique Marchetti; Marc Boucherot; Véronique Boudier, Olivier Blanckart; Stéphane Bé- rard; Jonathan Monk.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тука се појавуваа еврејски весници на француски, функционираа училишта на Аллианце Исраелите Универселле, имаше банкарски куќи како Тиано со експозитури во Париз, Трст, Џенова, Марсеј, Лондон и Женева, а во градот дејствуваа клубови што носеа имиња Церцле дес Интимес, Нувеау Цлуб, Церцле де Салониљуе...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тие двајцата беа изненадени од сложената стуктура на солунското еврејство во кое се чувствуваа повеќе, напати силно судрени идеолошки струи кои, велеше Цви, требаше да се скротат и да се стават во функција на единствениот интерес на заедницата...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ми раскажуваше за улицата и музичкото училште што го носат името на брат му Јордан Михајловски - Оцка, селото Варош каде што живеат неговите братучеди, Могилата на непобедените, и уште за многу интересни нешта, за кои дедо ми рече дека е страмота да не ги запознаам и дека морам да бидам горд што носам потекло од таков град и од таква фамилија како таа, неговата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Сум слушнал за такво име, ама еве сега можам да го видам и тој што го носи името....
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Третиот транспорт стигна во Гдањск на 26 октомври, најверојатно со романскиот брод „Трансилванија“ (некои тврдат дека го носел името „Каролина“).
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Општинската зграда со големиот часовник, улицата што сега го носи името Анастас Дурсаку, сивата зграда во која бевме сместени и скоро недопрената од новото време - кралската палата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во Козар маало и други кози и јарци носеа имиња сврзани со името на Сталин, но не знаевме дека така се вика и главниот прч на Чанга, кој прв ја загледа нашата Сталинка.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Каде се чуло видело коза да носи име на великиот ослободител на народите?!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Некои од нив ги носат имињата на месеците. Јуни, Јули и Август. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 191
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Зависи од тоа колку брзо вози брат ти, одговараат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Прашај ги колку заработуваат за една ноќ.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)