носи (гл.) - таков (зам.)

Децата под четиринаесет години не можеа да бидат браници и да носат такви униформи со ками.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Забележала дека носи некакви необични чевли... вели дека никогаш порано не видела никој да носи такви чевли. Значи, изгледало дека е странец.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
— Море, сто рала гаќи да носат такви како Крстета Попов, окото не ми трепнуа, ќе и согаза како нишчо! — се фали Неда и се мисли: — „Оти волку и сакам, и неќу за него да се прикажуа?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)