носи (гл.) - некој (зам.)

Дојде откај грмушките. Под мишката носеше некоја голема книга а во белото шамивче имаше набрано капини.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
За десетина дена изложбата ја посетија стотици илјади луѓе, и сите со непосреден впечаток и нескриена желба на убавите пражанки да носат некој од изложените модели...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Можеше да го слуша до наситка рикањето на тој спалавен јужен ветер низ длабините на нераскрчената шума; тоа се плискаше како некоја пробиена брана, носеше една прекрасна топла раздразнетост во градите, носеше некоја одврзаност и пребликуваше со секој нов налет, спитомувајќи со својот допир сѐ, а целата шума како да никнеше наново над таа недогледна белина, секоја бука во неа како да се исправаше одново, отфрлајќија од себе задреманата прибраност, онаа притаеност во тесниот канал на срцевината, трубејќи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Носеше некое ново фустанче и ми личеше на малите принцези од убавите бајки. Колку ја сакав!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)