нема (гл.) - не (чест.)

Ако си вистинска балерина, ќе играш врзана, без раце и нозе, без музика, без рефлектори. Нема не сакам, нема не можам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Оттаму велеа дека книшката е јавен документ и му е потребна на работникот кога сака нешто да докажува пред одредени органи, а доколку би ја немал не би можел да докажува одредени факти, доколку тоа биде потребно.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Трета можност и „трета сила“ тука нема не може да ја има...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ходници судбини тешки носат и трпат, а вистина нема, нема не, нема живот тука.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Напати во заборавената куќа влегувам на погрешна врата Ме водат вашите гласови о луѓе Одвнатре викате а никаде ве нема Не помага ни тоа дека ги удвојувам очите.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)