нема (гл.) - речиси (прил.)

Малата внатрешност на продавницата беше всушност непријатно полна, но немаше речиси ништо ни со најмала вредност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со текот на времето помеѓу Татко и Камилски повеќе немаше речиси никакви тајни. Остануваше само Татковата цариградска енигма.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
По возовите немало речиси никакво движење на патници.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Не е ништо чудно што Гарванов и неговите сомисленици го исфорсирале востанието, иако однапред знаеле дека немало речиси минимум услови да се реализираат целите на МРО.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Геј е поткултура, инсинуација, склоп гестови, сленг, поглед, држење, парада, виножитно знаме, филмски жанр, музички вкус, фризура, маркетиншка демографија, лепенка за браник, политичка програма и филозофско гледиште.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј е амбалажирана, површна персона – стил на живеење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Пожелноста на Били е токму сразмерна со неговата немоќ да говори.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа е сексуален идентитет што нема речиси никаква врска со сексуалноста...
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Згодно отстранет од усното општење, па уште и од секакво свесно, иронично соучесништво со други („Да се плетка со двојни значења... ѝ беше крајно туѓо на неговата нарав“; 298), тој нема речиси никаков субјективитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-сензибилитетот е речиси незнајно прифаќање на кастрирачка инсинуација, непрестајно славење на една вековна, обезмажувачка стигма што им се ставала на мажите кои се впуштале во хомосексуални чинови.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)