нема (гл.) - назад (прил.)

И треба да се знае: ерген и мома залагаа ли да си даваат и земаат, тоа е сериозна работа. Тука веќе нема назад.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— „Нема назад, не пушчаат виа пци.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нема назад враќање, кога еднаш ќе тргнеш, мора да изодиш,нема враќање кога избираш пат. Ниту пак сакаш.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Нема назад, чичко, нема. Не двоуми се. Јас те праша и ти се кандиса.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Татко беше свесен дека немаше назад, но и напред беше неизвесно! Требаше бездруго да ја минат линијата на замислениот јазичен рубикон...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но, ете, се вклучив во играта и немаше назад.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Но каде назад... За неа немаше назад.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сите разбраа дека нема назад за верата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И малите, и големите изненадувања. Немаше назад!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Јас се најдов малце во небрано, ама сега ми немаше назад: - Па не знам, луѓето се генерално гневни на Америка и на улогата на светски џандар што си ја презема...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Некој ти зборува а ти не смееш да си дозволиш да го слушаш, мораш будно да следиш што се случува, затоа што секоја секунда е потенцијално опасна, затоа што животот и смртта добиваат сосема други димензии кога си вака безусловно врзан за друго човечко суштество, затоа што нема назад откако тоа еднаш ќе го почувствуваш.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Мајко мила, ова не ми требаше... Нема назад, ќе скапам во НОВ ЧОВЕК...
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Замижи и плутај во она што не може да се претстави со односот време-простор. Нема назад.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
24 Маглата се поткрева над котлините визијата станува стварност стравот се обвистинува: се наѕира клисура, амбис сур живописна урна серт рис се задава од сртовите како сираче, но отмен и дрско убав, би рекла смртно личен само ревот негов ни бие право в лице насекаде околу-наоколу мене и тебе, синко мој бие бијно, очебијно а сепак кревко небаре може да се сотре да се изгуби место нас со еден замав на главата со едно затнување на устата со еден потег на четката со мал премаз боја со нов слој малтер со обично будење од длабок сон ама будење нема, веќе нема назад и тебе те нема Младост моја само необичен сон, збор и допир само задоцнета потрага по изгубеното може да те оживее како свет - но литературен како сенка на сенката „што било, пак ќе биде“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ме фаќа страв, ми татара снагата и колениците, црмнуваат струи низ дамарите и не ме стигнува прашањето што го насетувам: Зошто сме олку сами!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се повлекувам уште повеќе во аголот, го повлекувам потегот, може ли се да вратам назад, си велам, велам на глас, а го слушам ехото, екотот на забрзаната цивилизација што сложно ми вели: Не! Нема назад!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)