нема (гл.) - ист (прид.)

Лесно е да ми солиш ум, је вела', ама ти и немаш истите гајлиња што ' и има ја“. „Ах“, рече другата, „така, ами како“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Така, на пример, повикувањата на Ниче или Хајдегер во Франција немаат иста вредност и исто значење и со повикувањето на нив не мора да се оди кон истата опасност како во Германија.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Разликите меѓу нас сепак се споредни: она што Фуко го нарекува диспозитив, а што Феликс и јас го нарекуваме подесеност, нема исти координати со оглед на тоа дека Фуко ги поврзува изворно историските низи, додека ние поголема важност им придаваме на географските состојки, на територијалитетите и движењето за детериторијализација.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
- Нема да ти биде интересно – реков и сакав да ја сменам темата, ама мајка ми очигледно ја немаше истата намера.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Не реков дека треба да ми го прочиташ, писмата се интимни работи и не е пристојно други да ги читаат без дозвола на тој кому му се наменети.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Овде, каде што сонцето го нема истиот сјај.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тажно, но човек се мири со фактот дека пинџурите не се ни од далеку исти, а манџите немаат ист вкус.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Секогаш кога ќе поминам покрај зградата спроти училиштето, која повеќе ни одалеку го нема истиот изглед, чинам како да го слушам отчукувањето на часовникот над зеленото креденче во собата, во која со часови игравме домино со Борис Кривошеев, во долгите зимски ноќи, додека баба ми ми плетеше ракавички во различни бои. Брзав да пораснам!!!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Сепак, јас се сеќавам на многу моменти кои, се уште, како секвенци од некој дамнешно прожектиран филм се движат низ мојата глава.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Европската свест е обележана со дуалистички одговор на прашањето за човековата природа, според кое човек е составен од два дела различна природа, дух (душа) и тело коишто немаат иста вредност.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тој премин не смееме да го разбереме како реално историски премин на свеста на западниот човек, бидејќи такво нешто никогаш не се случило.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Зар не е Мајка пред сите зборови? Зар зборот Мајка нема ист корен на сите јазици?
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но јас, сепак, ќе се бранам, верувајте, останувајќи му верен на јазикот на животот, како последен мајчин аманет, надевајќи се, ако се спасам од кобната пресуда на ,небескиот трибунал на моите предци, да ја сретнам Мајка, на некој остров на најоддалечениот архипелаг, на брегот на заборавен сон.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ако навистина пресудно во станувањето жена не е нешто суштинско во неа, туку нешто надвор од неа – забележувањето, кога е девојче, дека нема ист полов огран со машкото, забележувањето, како што велеше мојот брат, дека е “осакатена”, зошто тогаш како резултат на тоа забележување, резултат од кој, тврдеше брат ми, од детскоста се раѓа женскоста, од детето се раѓа жената, зошто резултат на таа свесност е зависта, а не тагата, или стравот, или рамнодушноста: тага што половите се разликуваат; страв од разликата, страв од другиот пол; рамнодушност кон различноста?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој не допушти тоа забележување на разликата, кај некои од девојчињата-кои-стануваат-жени да поттикне и поинакви чувства, а не само завист; ја стави зависта како место околу кое се создава Јас на секоја жена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ниту ветрот ја немаше истата силина...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)