нема (гл.) - поим (имн.)

Немам појма, човече! Немам појма, човече!
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Немам појма, човече! (Dont’t have a cow, man?)Тоа е Барт Симпсон, последниот монструм на потрошувачката култура.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ништо не се случило. „Јас немам поим за што зборуваш“.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ако си нискоинтелигентен тип, имаш завршено ретардирано средно школо, дуваш пестицидна косоварска трава и немаш појма што да праиш со животот, а сакаш да те слушаат малолетници тогаш има решение и за тебе.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Пикасо немаше поим што се случува во СССР, тој немаше никаква претстава за гулазите и Сибир.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Како да се ослободиме од нив, а да не ги навредиме? - Немам поим.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Немам поим“, возврати невино со широко отворени очи. „Зарем тие се налутени?“
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Борини, која го сретнала Фаерабенд додека студирала медицина на Беркли една деценија порано и која се омажила со него шест години подоцна, се вклучува во разговорот спорадично - на пример, откако го запрашав него зошто смета дека некои научници му се толку многу налутени. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 97
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
„Ама, чичко Славе, па луѓето имаат проблем, а ти немаш поим ни од треви, ни од медицина, а башка грев е “- се ужаснувам јас, а тој ми вели: „Зошто грев?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Ма, немој да ме зезаш!“, се смеам јас, а тој ми намигнува како предвоен швалер со два прста мустаќ како Клерк Гебл и ми раскажува: „Ти немаш поим за животот, дете.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Секако, немаше поим за планот на Рада и мекоста на мајка ѝ. ***
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
За таа замисла на својата Срцка Томо немаше поим.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Господе, што е ова? - се прашуваа сите, за писмото ниту Рада немаше поим како можело да дојде токму во нејзините раце.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Господе, - помисли - овој нема поим дека Рада одамна е вратена.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Па, што знам јас. Се занесувам и мислам дека разбирам што се случува околу мене, а во суштина немам поим за ништо.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Внатре по правило никој не знае енглески, а и да знае, не ти врши работа пошто немаш појма што е што.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Затоа решив да направам мала анкета: На прашањето кој е премиер на Канада, пет души ми одговорија различно, а другите пет немаа појма.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Тие луѓе претежно се анархо-либертери okno.mk | Margina #17-18 [1995] 131 коишто немаат поим за општествените структури и кои мразат било какво вплеткување на државата.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
ОК, слушајте! Погледнете го човекот од феудализмот: немал поим дека живее на планета полна со природни ресурси, како што се фосилните горива, коишто ги движат машините, коишто создаваат уште покомплексни машини, коишто произведуваат хемиска- електрична енергија.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Беше јасно дека пакувањето со мраз не го даде посакуваниот ефект, и се испостави, дека дежурната сестра која што требаше да му даде шише виски немала поим што значи шише виски во реалниот свет и му дала виски во болничко шишенце кое го испил во една голтка.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тоа воопшто не го фатило. Како и да е, беше премногу доцна за враќање.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И така сето ова го работев во тајност, бидејќи никој од шефовите на студиото немаше поим за Шифтановата постапка.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тие всушност немаат поим дека ти си во играта.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Зоки, се разбира, нема поим што е тоа, но за да не излезе страшливец, вели: - Па... зошто не?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Сестра ми, која има нешто повеќе од четири години, немаше поим за што се работи, ниту пак што е тоа роман.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Патем го сретнав Нацка, кој денес не беше дојден в училиште и немаше поим што се беше случило.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Дали тоа ќе нема поим за панталони?
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)