нема (гл.) - пат (имн.)

Најпосле најдолните, најочаените органи на српската пропаганда, родум Македонци, пак се полезни за Македонија: од нив се образува класа од недоволни од српската пропаганда за коишто нема пат кон Бугарите; тие ќе ја зголемат класата од националните сепаратисти.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Девојката го прескокна и ги разгрна џбуновите, меѓу кои како да немаше пат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако немаат ставено линија пред себе, немаат пат. Духовен пат.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Веќе немаме пат и за бегање.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Како немам пат!“ му стрешти Грдан.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кога виде дека Грдан не попушта, го сврте листот и почна да му забранува да оди на бавчичката велејќи му дека нема пат за бавчичката и дека не смее да гази низ имотот негов.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Нема пат за кон никаде. Кон никаде не водат патиштата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)