нема (гл.) - историја (имн.)

Обично се вели дека самотијата нема историја.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Нема историја, ниту политика без ујдурма!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И веднаш те плени помислата за историјата во чудесната екстаза: зарем таа не постои да го вознемирува човека!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беше свесен во тие мигови дека органската природа нема историја и граници, има само животи низ одредени континуитети.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Зарем не се најсреќни народите кои немаат историја, а сиромашни оние кои имаат потреба од митови!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
По којзнае кој пат ме обзеде размислата за луѓето и историјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
85. УСУЛ.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Среќни се народите кои немаат историја, велеше големиот француски историчар Жил Мишле.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)