нема (гл.) - желба (имн.)

„Затоа ли ме подмами ваа старледина, да ме кине?“ — си помисли тој во себе и така му се стори одвратна, што немаше желба да ја погледне.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Втората идеја според Маерс била “примена некако ладно од Грците, кои очигледно немаат желба да се откажат од кој било дел од нивната земја во корист на македонското движење“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
А сега, Бошко веќе немаше желба да раскажува.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Немав желба никаде да излезам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Хјустон е град покрај море, коешто немав желба да го видам.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Но тој немаше желба да стане и затоа продолжи да лежи на креветот, како божем лежејќи таму ќе може да ги реши сите нешта.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А сега, Бошко веќе немаше желба да раскажува.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Што сакам јас? Можеби ништо, можеби самјакот и нема желби или, доколку ги има, тие се поинакви од желбите што ја движат глутницата на неговиот видик.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Сакаш сам да се убедиш дека си мртовец? - Немам желби.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Бојан воопшто немаше желба да се врати во колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Наеднаш немаше желба да се бори, да се докажува, постоеше само некаква сила што го влечеше кон леглото, што постојано го држеше во некаков полусон.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Немаше мисла во него. Немаше желба.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Веќе немам желба да живеам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
По неколкуте неуспешни обиди да поведе разговор со Марија, на Елена ѝ беше толку тешко, што немаше желба да разговара со лекарот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Во автобусот, кога патуваа кон дома, секоја од нив како да немаше желба за разговор.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Исто така ѝ беше чудно што Хелвиг немаше желба да одат кај нејзините. А колку се приврза со нив.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Им пристапив иако немав желба да бидам со нив.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Никој немаше желба да се одлепи од местото, да го остави сам стрикото Лентеноски.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
На десниот ѕид е лежајот, лежи и нема желба да стане.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
И таа наследена од татко му... го учеше да свири... откако се доселија нема желба да ја земе в рака...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Богуле, иако по карактер сличен на татка си, за чудо, немаше желба за учење.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)