нема (гл.) - којзнае (зам.)

Немав којзнае колку нешта, бев дошла за привремено тука, и немаше потреба којзнае колку да облекувам и да соблекувам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Порано Петко немаше којзнае каква печалба, но откога избувна Втората светска војна, работичката му тргна многу напред. Особено откога дојдоа Италијанците и Германците.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Бино Антонов даскалот на Витолишча немаше којзнае каква педагошка подготовка и особена школа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нема којзнае што во неа. Само неколку предмети.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)