нема (гл.) - посети (гл.)

Во ред, да претпоставиме дека М Ѓурев воопшто го нема посетено другарот секретар во спомнатиот понеделник; дека не ја видел белезицата на раката на Ботка; дека сѐ ова што се случува со него во затворов овие денови се некои необјаснети привидувања; дека и кај него, еве, дошло до тоа пореметување на рамнотежата помеѓу она што не било, и она што тој мисли па дури и верува дека се случило.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Одат да ги видат Пена и Танаско и нивните пилиња оти откако тие заминаа за таму ги немаат посетено.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И Романиотите и Сефардите, значи, се населиле таму, и во градот Битола, вториот, а во рабинската историја и првиот по значење балкански град.  И покрај значењето за историјата на неговата синагога, рабинот Елеазар бен Цви го немаше посетено балканскиот град по кој таа е именувана.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)