недостасува (гл.) - само (прил.)

При толку висококвалификувани бајачи, недостасува само уште Асан, троа замижан. Ококорен и тој не се мами.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Тоа вистинските учители го поттикнуваат духот на слободното мислење.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Здржани постапки што не смеат дури ни да потсетат а камо ли да ја употребат онаа толку природна забелешка што многу е присутна во вакви случаи: дека на овој удобен дом му недостасува само уште женска рака.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Знаеш, на кралица како тебе ѝ недостасува само крал.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Да не заборавам да спомнам дека воспоставениот ред е негов израз. На Даскалов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се разбира, недостасува само уште сандакот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ѝ недостасуваше само паж, кој требаше да ѝ го придржува додека таа чекори.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)