најдува (гл.) - таму (прил.)

Се знае само, и тоа се прикажува, дека Јован, напуштајќи ја засекогаш Потковицата, откако пред тоа им се поклонил на моштите на својот одамнешен предок на Молитвени Води, удрил прекутрупа низ Градишка Шума, па одејќи само по сртот на јужниот лак, и потоа спуштајќи се по надворешните падини на западниот , заедно со придружничката, стигнал на старата железничка станица, новата тогаш сè уште не беше подигната.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Арсо ги наполнува градите, му светнува пред очите и за миг се најдува таму, на брегот, меѓу своите сокласници од гимназијата, безгрижно затрчани по песокот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но и токму тогаш и токму таа година од Прилеп, од Дејкови, стигна глас, им пишувал синот нивни, Никола Дејков, дека Боше Анѓелов Јанчески од Потковицата заедно со татко ѝ на чупалето што било оставено кај нив, кај Јанчевци, се најдува таму, во Бугарија, но дека ни едниот ни другиот не можат да дојдат до него, по чупалето, зашто се зафатени со револуционерна работа, па преку него, односно преку нив, преку Дејкови, им испраќаат поздрави.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ниту некој испрати абер дека Јофан и тефтерот се најдуваат таму некаде, во некој дел на светов, низ кој, последните години, нашиов народ, и тој што преостана по толкуте прокуди, се развеа како семе од глуварица.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)