најде (гл.) - толку (прил.)

Јок „ти толку најде толку да дајш", јок „не најду толку, не давам волку", — ќе си направиме омразиа меѓу нас.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Како им го најдов толку грд: кривоног, мршав, со расипани заби, смрди на алкохол и мириса на ливанто, со расклештена смеа, со очи крупни како да сакаат да му излетаат настрана.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Старецот заборавил на едно борово каченце запалена борина, се запалило сувото каченце, од него се запалил сноп жржаница исправена до ѕидот и вивнал пожар во кој дедо Иван нашол толку време колку да ја извлече пушката, две три черги и вреќичето со компири.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не знам од кај се најдоа толку муви, мушички, комарци, којзнае што сѐ.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
1. НЕ СУМ СОНЦЕ, ТА ДА ГРЕАМ СЕГДЕ - а и каде би нашол толку широко небо?
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
- мајка ѝ не можеше да најде толку лош збор, колку што сакаше.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Зошто самовилите и вештерките се најдоа толку далеку од штрбавиот рид за најпосле да се враќаат назад со денови и недели?!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Од кај најде толку страв, господе, да сметнеш на земјата?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кај се најде толку ум, во него, господе!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)