најде (гл.) - дома (прил.)

Кога му дојде мисла оти покрај жена може да го обрадува и со некое детенце, за малку што не рипна од постелата да го зграби дедот Петка и да летне, да ја земе Доста и да се најде дома каде ќе го гледа тоа дете, ќе го хране и подига, ќе биде и тој татко како сите среќни луѓе, ќе се радува на тој негов створ и ќе умре на неговите раце.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не си признаа, но двајцата во себе помислуваа дека после ова премрежие, можеби уште довечер да се најдат дома.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Уште утринава требаше тоа да го стори. Ќе треба само да има среќа да ја најде дома. ***
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Така напиен, јас во себе баш посакав Јана да ја најдеме дома.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Таков навлегувал и во куќите на балистите, со кои до неодамна се војуваше, а сега или беа изгинати, или избегани, или пак позатворени, а тој вршел претреси и кажуваа потоа, не им проштевал многу на оние, што ќе ги нашол дома и на жените.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Танаско не го нашле дома оти бил оден да пречекува некој гостин, А гостинот, мајко Персо, никој друг, туку Димостен! Димостен, ама и не Димостен.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тоа ме возбуди и по неколку утра откако ја истрошив сета хартија што ја најдов дома, му ја однесов на овој свој нов учител првата песна. - Јас сакам девојка една...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Си помислив: Таман работа да ми го најдат дома!
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
- Е, ај, сега да си одиме, ѝ велам на Уља, на јатрва ми. Во умот пак ми е Јон: да не се врати, да не ме најде дома.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)