најде (гл.) - стар (прид.)

Некои се наведнале и на стврднатата петица под дупнатиот опинок нашле стара рана.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во тој миг Даниел се почувствува како човек кој, откопувајќи, нашол стара монета и сега мора да побрза да биде сам за да го разгледа она што го нашол.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Потоа пробуричка во шупата, додека на една греда не ја најде старата раница со која стариот одеше на редовни излети со своите врсници, а на друга страна обесени на сопствените вкрстени врвки скоравените војнички цокули со очувани пенчиња ама испаднати клинци, како едниствен трофеен плен од поразената кралска војска.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ластовиците не си ги најдоа старите стреи и старите гнезда.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Црниот Пандил Димулев клекнал и со дланка му ги спуштил клепките на покојникот, набабрениот јазик никој не можел да му го врати в уста.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)