најде (гл.) - нов (прид.)

Во твоите очи најдов ново огниште, топол дом за моето срце...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Тоа беше причина џандарите да најдат нови жртви за тормозење, а Метакот конечно да здивне.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
VII Кога се разделија Татко и Климент Камилски во доцната ноќ, и кај обајцата зајакнуваше убедувањето дека ќе најдат нови методи како да ги обединат книгите од нивните библиотеки за среќната иднина на нивните деца на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се нашле сродни души и еден ден кога отидов да ја посетам таа ми рече дека нашла нова љубов.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Малку чувствував тешкотија, поради тоа што требаше да најдам нов правец и да предвидам нова траекторија по која ќе ја градам мојата иднина.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Не бев љубоморен ни кога таа си најде нов другар, Аргентинец, голтач на пламен; тој ми е дури, и денес, еден од најдобрите пријатели.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Попот докажуваше дека коските и металот не горат. уште пред тоа да избувне огнот, Антун Крстин му свртил грб на селото и се вратил од кај што дошол, негде кај што овдешните луѓе нашле ново Кукулино во кое со грч под ребрата ќе тагуваат по својата земја.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Подолу најде нови крвави заплиснувања, кои почнаа да се повторуваат вдолж по целата трага на секои стотини чекори, сега беа од десната страна. Некоја нова рана.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На оној потоа бргу не му беше тешко да си најде нов бригадир на градежната бригада.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Со ваквата формулација законодавецот остава несоодветно долга временска рамка во која работодавачот треба да ја изврши оваа своја обврска, кој поради својата игноранција или пак непрофесионалност може директно да му наштети на работникот, доколку тој во меѓувреме најде ново вработување и треба повторно да биде пријавен во задолжително социјално осигурување.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
И така, според „Мојсеј и монотеизмот“, не биле Евреите избрани од Бог, туку од Египќанецот Мојсеј: „Нив ги избрал да бидат неговиот нов народ“.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мојсеј, за кој брат ми претпоставуваше дека бил близок до фараонот Ихнатон, не можел да се одрече од својата посветеност на богот Атон, па сковал план “да се основа ново царство, да најде нов народ кому сакал религијата што Египет ја презрел да му ја подари за уважување.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но овие урнатини од поголемото семејство, пренесени со оној чун на другиот брег, требаше да најдат нов дом, прија­тели, наместо мигум изгубените роднини, блиски.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)