најде (гл.) - негов (прид.)

Неговите соплеменици никогаш повеќе не го нашле неговото тело.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Го најде неговото Трајче наврено во едно искинато кошулче, босо, калнаво до уши.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но кога веќе го најде неговото гнездо, сѐ друго беше само прашање на време.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
По едно време Влаинката дојде пак да го посети, и тогаш го најде неговото здрвено тело врз ложникот во куќичката.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Како на вистински џин, постојано имаат проблеми кога купуваат чевли, никако да се најде негов број.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Тогаш да го шетаме – се согласив. Никогаш не сум имала куче, иако често сум ги молела моите дома да ми земат едно, па таа идеја да го шетаме Бак многу ми се допадна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
НА СЕФЕДИНА му беше вторпат да доаѓа кај султанот, та не му беше тешко да го најде неговиот палат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Началникот го нема, отишол на одмор, но го најдов неговиот заменик.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во мигови на кристална самотија во срцето на балканската ноќ, кога лесно слегуваше дури до потсвеста, си помислуваше дека состојбата во која се најде неговото семејство е можеби реванш на судбината.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Добро е човек да не завлезе во бесмислености: тоа е моја работа, ништо повеќе од моја желба, вистинска желба.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Вечер Започнува, продолжува. Меѓу крајот на концертот и првиот бис го најдов неговото име и патот. Плоштадот Владас, мостот на пазарите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)