најде (гл.) - мој (прид.)

Кога ќе го најдам мојот партнер?
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Младиот човек, со долга коса и брадичка, со лик на испосник, се лечеше на истиот кат, во истата болница, а во белешките на татко му го нашол моето име.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Јас не сум којзнае колку позната во Фрежис, но се восхитувам на снаодливоста на поштарот кој успеа да ја најде мојата адреса, дотолку повеќе што јас почнувајќи од месец јуни престојувам во Швајцарија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Толку ми влезе тоа во потсвеста, па демнев и јас конечно да го најдам мојот човек.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Кога стигнав таму, во Крњево, ја најдов мојата прабаба Анѓа сама дома како толчи ореви, а во дворот оревите се сушеа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Но, потоа нè известија дека нашата дивизија нема да оди туку Четириесет и втората.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
По извесно време го нашле моето писмо и ме извика Кузе: Зошто Милке ова писмо не си го пратила?
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)