најде (гл.) - помеѓу (предл.)

Зголемувањето на Бугарија од присоединувањето на Македонија не може да биде допуштено од Србија не само затоа што со тоа ќе се наруши рамнотежата на Балканскиот Полуостров, а најмногу затоа што по неговото извршување Србија ќе се најде помеѓу две посилни од неа држави: Австро-Унгарија и Бугарија таа ќе биде од нив политички и економски задушена и ќе треба да ѝ се потчини или на едната или на другата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Нема балкански народ кој не се повикува во историјата на својата курбан-судбина, жалејќи што се нашол помеѓу бедемите на Западот и Истокот...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Живеејќи во две времиња на Балканот и во Цариград, во османско и во турско, Татко ќе се најде помеѓу два јазика во потрага по еден, помеѓу две азбуки, арапската и латиницата, помеѓу два света на зборови, без утврдени граници помеѓу нив.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Гревота е, Онисифоре, ќе му дадам ракија. - Дај му. Раскажувај, попе. ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога гратчето Негуш дало клетва дека ќе се крене на востание со повеќе села и со други гратчиња против челмоглавата Султанија со побелена брада од слични и поголеми востанија во Србија и во Грција, меѓу прочуените негушки јунаци по потекло Македонски Словени и Грци водени од Кара-Тошо, Ангел Гоцев, Зафирикис и уште неколцина долгомустаќести војводи, се нашол помеѓу побунетите луѓе и дотогаш мирниот казанџија Панделиј Каламарис.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се прашував: каква врска најде помеѓу бувтањето на кофите и гласот на трубите, и од каде му дојдоа на ум цвеќињата?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се разбира, и нашите двајца генерали поверувале дека би можеле да се најдат помеѓу тие среќници, но за жал немале никакви документи со кои би го докажале својот чин во руската војска, а Борис Степанович сосема разбирливо, одбил да им издаде уверение дека се генерали. Вистинита но и тажна приказна!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Којзнае како и зошто но во борбите против Османлиите и тетин ти се нашол помеѓу српските војски.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не помала била вредноста на неговите вакви записи кога ќе се нашле помеѓу опишаните со многу поединости свадбарски поворки, па дури и помеѓу зборовите на песните испеани по чудни и таинствени поводи, кога срцето се отвора за разговор со најдалечната желба.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)