најде (гл.) - човек (имн.)

Па .. . од кај да а нашол човек и пустата в'на во Солун, пуста да остане?!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тешко е да се најде човек, си мислев, доволно сигурен во себе и со малку комплекси.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Требаше само да најде човек кој ќе може да ѕирне во тие списоци.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Пожелно е да се најде човек со кого подеднакво и наизменично ќе си даваш внимание.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Со надеж Силјан да најде луѓе, тргна да оди од планината в поле.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Си најде човек што го сака. Се омажи. Си има прекрасно дете...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Затоа талкањето дури потоа почнуваше: требаше прво да се најде кола што ќе ги пренесе останките, требаше потоа да се најде човек што ќе го откопа стариот гроб, требаше потем да се најде друг човек што ќе го закопа новиот гроб, требаше најпосле да се најде поп што ќе ги смири останките на мртвиот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
- Што нема кај нас? Само треба да се најде човек што ќе излезе од тоа место и ќе го прослави низ целата земја.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во него живеете додека живеете потем воскреснувате: сите мориња се ваши ваше е бегството, очајната надеж дека секогаш има поубав свет - оној што го немате, изгубениот и времето дури е ваше кругот е перфидно совршен освен ако не се најде човек да ви постави ѕверска спрепка!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Какви врвни луѓе ме бараа да ме усреќат, а јас најдов човек што јас ќе морам да го усреќам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Пред да ми се случи тоа, толку се чувствував дека сум умна, а каква грешка доживотна направив.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ретко би можел да се најде човек којшто толку би живеел во својата професија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)