најде (гл.) - среќа (имн.)

Мислиш дека си ја нашол љубовта, си ја нашол среќата и целата животна утеха.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тешко е да го задржам погледот и да разберам дека колку и да се трудев да бидам среќна да уживам во моментите на задоволство имав чувство на непријатност, неприродност и грижа од вината дека тоа не го заслужувам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Мајка Роса одбрала животот да го посвети на момите водена само од една мисла, да ги одбрани од сите зла додека секоја од нив не си ја најде среќата!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
На седмото небо, можеби таму ќе ја најдам среќата. Венера, планетата на жената.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Биди доволно далеку за да најдеш среќа далеку од мене, а јас во илјадници погледи кои како имагинарни слајдови се губат во пепелта натрупана во моите очи ќе ги барам твоите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Рече дека пробал да живее и во големиот, и во малиот свет, но дека никаде не нашол среќа: конечно, ќе му се посвети на Бога, оти има назнаки (токму така рече) дека Бог сака да му се јави.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)