најде (гл.) - смрт (имн.)

Само еден господ го знае местото што не може да го најде смртта, ама како да го прашам господа, кај да го најдам да го прашам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Клисарот Нестор, гледајќи како ги ранат војниците, им велеше на селаните: - И нас на фронтот, пред секој напад, вака нè ранеа... Сити да нè најде смртта...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Мртвите остануваат таму кадешто ги најде смртта.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Врват пат околу десет илјади километри за да си ја најдат смртта...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Многу е тешко, пишува Стег, да се определи бројот на оние што нашле смрт на 29 и 30 април.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)