најде (гл.) - прибежиште (имн.)

Поголемиот дел од нив беа принудени да заминат и најдат прибежиште во земјите од Источна Европа.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Како резултат на таквата активност од британска страна, во наредните месеци НОВ и ПО на Југославија ќе стекнат нови, не само војнички туку и дипломатски предности како кај владите на антихитлеровската коалиција така и на страниците на печатот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На 31 декември 1946 година, Президиумот на Уставотворното собрание на НРМ го донесе првиот Устав на Народна Република Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Најочигледна потврда за британската промена во поглед на настаните во Југославија претставува одржаниот говор на Черчил на 22 февруари 1944 година во Долниот дом, кога тој пред членовите на Парламентот многу пофално се изразил за НОВ и ПО на Југославија и за улогата на маршалот Тито, со потенцирање дека Британската влада ќе им помогне партизаните, но и дека кралот и неговата влада, кои нашле прибежиште во Велика Британија, не може да ги отфрлат и затоа ќе се настојува да се пронајде компромисно решение.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)