најде (гл.) - пат (имн.)

Нема многу опции за малите суштества кои се обидуваат да си го најдат патот.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Во совршенството на осаменоста сите сме способни да изградиме градови во длабочините на водите, ангели на харфи кои се појавуваат во темницата, свет на хармонија и задоволство, далеку од глупоста и хаосот на секојдневието, од колективната хистерија и движењето низ толпата која ме загушува, каде што освен просторот и времето нема никаква емоционална поврзаност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
На некои работи луѓето не можат да се навикнат, но на крајот се е за луѓето, болката, тагата, грижата, разочарувањето и осаменоста.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Само неколку часови номадска мисловна осаменост и моите еруптивни мисли и незауздани чувства ќе си го најдат патот, целосна метармофоза на осаменоста.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Да веруваме и да ги подржуваме и егализираме сопствените избори, ќе го најдеме патот, зошто во срцето се скриени најголемите вистини, вистини кои ќе неослободат од пајаковата мрежа на лагите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тогаш сфати дека секој човек мора сам да го најде патот кон своето спасение и оти тој, Павле, патот може само да му го покаже, а не и да го влече по него.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тој ги испрати двајцата, но остана сам, ако не се сметаат семејствата на неговите братчиња и сестрички, кои го најдоа патот по различни држави во светот. 20 години го слушавте неговиот глас на Македонското радио, во една смешна емисија за иселениците Македонци во светот, а беше уредник и во весникот „Македонски иселеник“. Мојот брат!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ми требаше време да го најдам патот до неа.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Од бездушните и оние кои не можат сами да си го најдат патот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
- Остави го детето само нека го најде патот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но јас си останав кир Ристаќи, а на него му најдов пат по кој да го пратам под ледина!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Како да стасува од друг свет, од зад некоја граница до која нивните мисли ни во најсветлите мигови не ќе најдат пат, низ ветрот се пробил танок писок.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потег - болка меѓу очите, јад во срцето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Така јаска трна.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
По троа време о одајката влезе стопано.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- А како го најде патот?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Долу се пулеше голема вода – Оридското Езеро.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Еднаш на баба ми ѝ се јавил некој слаткар по телефон и ја прашал дали кај нив живее некој си Борис кој влегол во слаткарницата и замолил да се јават на неговиот број и да кажат дека не може да си го најде патот до дома.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Татко го следеше и како да го разбираше неговото исчудување, небаре работеле без да знаат на заедничко дело, до поединости внесени во потрагата по иста цел: да го најдат патот на јагулите како сопствен излез, но без да успеат во тоа…
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Бевме збунети зашто водичите изјавија дека не можеле да го најдат патот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Имавме два водича кои одвај ги натераа да нѐ водат до Ќафа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тогаш вујна Клементина ѝ ја кажуваше италијанската лаичка поговорка според која „за да се спаси главата, треба да се најде патот кој води низ темнините!“
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Овде луѓето успеваа полесно да ги помират разликите, да си ги смират страстите, да го најдат патот на братимењето, да почитуваат добрини на исти светилишта, во манастири, во џамии и во цркви.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)