најде (гл.) - објаснување (имн.)

До крајот на есента се случија уште неколку работи за кои Егејците не можеа да најдат објаснување: Господ цела недела не си ги запре солзите и не само што се наполни коритото на Вардар, туку и сите улици, плоштади и подруми до железничкиот насип.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ги прошетувам низ мислите сиве овие прашања а знам дека се потсмевам на самиот себеси бидејќи сум свесен дека всушност јас и не се трудам премногу за да најдам објаснување за причините што придонеле да заскитам во лавиринтот на настаните.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Би било добро да го знам почетокот, коренот, темелите кога веќе неможам да го знам крајот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
За се ќе најдам објаснување, причина и последица, но не и за мојата приказна.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)