најде (гл.) - начин (имн.)

Се надеваше само дека ќе се најде начин да се продолжи времето на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Вангел веќе најде начин да ме уцени и така да ја зголеми цената за метро длабинско на осумдесет германски марки, независно од претходниот договор.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Бараше да се договориме како да најдеме начин да се зачуваме од бандите што идеа од Албанско.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но никогаш не можете да се извадите од хаосот ако не најдете начин некако, како самураите, да се идентификувате со вашиот непријател.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Уште пострашно е што никој сеуште не нашол начин како да ги репрезентира мрежите од симболи и секвенците на активација во нив.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Можеби можеше да најде начин да го задржи Бојан, но се плашеше да не згреши, зашто до утре можеби ќе навее голем снег, па неговото враќање во колибата во Гогов Валог би било уште потешко.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Лутајќи така мисловно и загледан во кучето, во еден момент господинот Гроздановски имаше впечаток дека тоа се мачи да најде начин на својот стопан да му каже што мисли.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Се обидуваше да најде начин за да ни ја пренесе последната порака.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Често имам помислувано дека во нејзината куќа, во планината можеле да наминат волци; можеле и разбојници да се втурнат; но во времето на војната можел да намине само понекој херој за да си ја згрее смрзнатата снага.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Еве, и тоа го велам а можам и да додадам дека ако не живееше горе, дури под Сина Скала, сосема сама и издвоена од луѓето, јас ќе најдев начин да ги совладам нашите недоразбирања и да ѝ се приближам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таа мора да најде начин да допре до него, да направи оваа луда фиксација на фантазијата сама да се истроши.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Мора да најде начин да ја скрши кората на навредувањето и да навлезе во него, да дојде до неговата срцевина, до човекот за кој се омажи.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Јапонските современи уметници мораат да најдат начини да го поврзат ова наследство во еден поширок поим, бидејќи овој “пасош” не е повеќе од важност дури и во рамките на Јапонија. Tadayasu Sakai е критичар на уметност и заменик директор на Музејот за модерна уметност Камакура.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Речиси неизбежно има некој елемент на претераност или неавтентичност, па дури и на травестија во искажувањето на која било велика страст.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И така, ова сведочи за потребата од јавни, општествени постапки што не искажуваат емоција, туку ја заменуваат – кои ja претставуваат без стремеж да ja изразат – и кои ја пренесуваат емоцијата со склоп од генерички, усогласени симболи и замени, обезбедувајќи го на тој начин непреченото дејствување на конвенционалните општествени односи. ‌Во овој контекст, јазот меѓу чувството и изразот е трагичен, бидејќи е пројава на темелна егзистенцијална катастрофа – погубна, непоправлива, неизбежна празнина во човековото значење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, дури и за хетеросексуалците, дури и надвор од мелодраматичниот свет на семејството, има нешто незгодно или театрално или срамно во задачата да се пренесе нанадвор она што се чувствува внатре.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Далеку од тоа дека ги изразува Пријамовите чувства, постапката е израз на крајната невозможност тој некогаш воопшто да ги изрази.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Би се рекло дури и дека она што ја прави страста велика, она што ги преувеличува емоциите од кои се состои, е токму свеста дека е невозможно тие да се искажат транспарентно – и следователната потреба да се најде начин да им се даде лик што ќе ги задоволи критериумите за претставување што ги налага нивната великост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Некој таков расчекор помеѓу чувството и неговиот израз, ако не се препознае иронично, создава трагична возвишеност што се лепи за главните наративи за машкиот генерациски судир во европската култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не само што тврдоглавиот порив да го затвориме тој јаз нема да ни успее туку и ќе ни го дооштети општественото постоење бидејќи ќе ги дискредитира симболичките форми преку кои го претставуваме она што го чувствуваме и со кои си ги одржуваме меѓусебните општествени односи. ‌Настојчивоста целосно да се искаже она што го чувствуваме ќе исходува со бескрајно, бесцелно насилство.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа значи дека настраните што сакаат да останат прикриени мораат да најдат начин како да глумат нормални луѓе.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Разбирливиот човеков порив да ја затвори, да најде начин буквално да се изрази она што навистина го чувствуваме, не е само предосуден туку е и разорен: им се заканува на симболичките посредства што ја држат целината на сиот општествен свет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Повеќето интелектуалци би сакале да најдат начин за приклу­ чување во борбата на слабите против силните.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ни најдоа начин – пасош и платен билет за една насока.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Требало да се најде начин за враќање на дадените капитали, а и за заздравување на турското стопанство - што било услов за натамошно вложување и рентирање на капиталот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Шатев требало да се поврзе со свои луѓе во Кочани и да најде начин околу 80 кг. динамит со кои располагале да го префрли во Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
При првата средба не и било згодно да го праша кој се грижи за децата, ниту да најде начин да му предложи некаква помош за нив.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Идниот ден го минав в кревет, во бунило - телото и душата најдоа начин да не можам да мислам на промените кои ги донесе една единствена глетка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не се обидував да видам во моите мисли како лежи едвај подвижен, не сакав да слушнам како последните капки сила го принудуваат да вдишува и издишува, не сакав да знам ни што му врвело низ мислите во тие мигови – дали го мачела помислата на сестрите кои постојано се јавувале во неговиот дом и молеле да се најде начин да ја напуштат Виена, дали имал грижа на совеста од претпоставувањето дека во логорите на смртта ќе ги приберат и нив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не знам дали брат ми ми ја имаше раскажано или самата ја имав измислено бајката за птицата која ја изгубила својата љубена птица, и од тага со клунот си ги раскинала градите, и од таму, со клунот, си го откорнала срцето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не се обидував да ги замислам последните мигови од неговиот живот, доволно ми беше што дознав дека е мртов, дека е смирен, без телесна болка, без душевна јанѕа, затоа што сигурно на оној свет душата се ослободува од сите тегобности и самообвинувања.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Му се лутеше на татка си што не успеа да најде начин да ја излечи и што воопшто дозволи таа да се разболи.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сфатете ме тогаш, колку ме оптоваруваше и самата помисла дека треба да отидам на Бит Пазар, 72 okno.mk да го побарам тој човек и потоа да најдам начин да го пратам ѓонот во Битола!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Се мачеше да најде начин да докрепи нешто, но дури сега беше сознаен дека токму вака ѝ било родено, сето ова со нив тројца во собичкава.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Морам, морам да најдам начин за да го одвикнам од ова проклето пиење.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Таква каква што е и во синџири да ја врзеш, ќе најде начин да ги скине.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Најди начин да ја смириш твојата космичка енергија, особено кога си сам. И тоа е потреба.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Станувам свесна дека ако набргу не најдам начин да ја сменам положбата, ќе пропаднам во бездната која нема крај. Нема дно, темно е.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Најдов начин. Најлесен, чинам, беше тој начин.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Природата нашла начин да им наплаќа за ѓубрето што го фрлаат каде што ќе стигнат.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Да, знам дека повторно ќе ми биде тешко чекањето, но знам дека ќе се исплати. ќе најдам начин мојата тага да ја отелотворам во нешто што ќе остане да ме потсетува на тие мигови поминати во тага и заборав.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Зборувате ли, ќе најде начин таа да проговори низ таа уста, или, ако ништо друго, устата да ја затвори. Маргина 36 49
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Зато ќе морам да најдам начин и причина да се извлечам од дома во то време.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Кога неколку години подоцна, како некогашен титоист се обидував од искусниот социолог и филозоф Едгар Морен, еден од најголемите живи мислители, од македонско сефардско потекло, кој имаше комунистичко минато (Меѓу жртвите на Сталинград и фашизмот, јас го избрав комунизмот!, ми велеше тој) се обидував да ја разберам драмата на француските комунисти кои се приврзаа за Сталина (покрај Арагон, Елијар, дури и Сартр, кој наводно напишал дури и ода во чест на Сталин), тој ми ја изнесе тезата дека со своите ставови им пречел на француските комунисти, па затоа нашле начин да го исклучат од КПФ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А кога се здружија беа уште помоќни, но можеби и поопасни за режимот, кој, сепак, најде начин да се послужи со нивното знаење...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој ја замоли да најде начин да ѝ го предаде краткото писмо на Сања.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во моментот кога Лилица почувствува дека јазичето на Азра ѝ се лизга првин сплоснато и плавно во движењето по широко отворените залисци, а потоа собрано, зашилено и тврдо како кучешки кур се вовлекува меѓу нив, најде начин да се повлече по креветот наназад, ја потпре главата на ѕидот, си ги фати со двете раце нозете на задниот дел од колениците, ги крена високо и почувствува како Азра многу полесно влегува во неа со јазичето зашилено и тврдо како кучешки кур, за да го лизга нагоре и надолу и во исто време почувствува како најдолу, уште подолу од распенетиот дел по кој скокаше јазичето, показалецот и средниот прст на девојчето со брз ритаам и длабоко се вовлекуваат во неа, додела Андон офкаше од сласт или од тегоба држејќи ја Азра со рацете од по страните за да не се одвали, бидејќи во тој миг таа беше потпрена или, поточно, обесена на неговата машкост, беше закачена како торба на закачалка.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Мислев, велам јас, ако ја имаат книгата, да најдам начин да ја прегледам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Има начини, вели тој, но треба да ми се каже. Јас ќе најдам начини не еден, туку сто.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Не ѝ беше јасно како не можеле да најдат начин, почесто да ја посетуваат.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Подобро и да не се разбудеше, ќе најдеше начин да го опита што треба да се прави.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Како да се живи. – Не претерувај, книги како сите други, не грижи се, ќе најдам начин да ти ги испратам.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко веруваше дека, во својата Историја на Балка­нот, ќе најде начин да им се спротивстави на победничките истории во кои се величаа старите и новите граници, се бараа нивни промени.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ќе најдев начин поодговорно да се вклучам во ситуацијава.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сите овие сомненија како да ги беше веќе оставил зад себе бидејќи беше нашол начин да ги сподели!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Молчеше смешкајќи се и бараше сили во себе да најде начин да рече дека само тоа не бидува.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ако ништо друго барем да го ослободи од непотребната загриженост, а и од обврската што ја чувствуваше тој кон неа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
По тоа, дека таа госпоѓа не најде начин да му се јави на својот човек.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Треба да ја цениме конструктивната критика, да најдеме начин да ги разбереме работите и да ги избегнеме грешките затоа што само така ќе ги направиме подобри нештата кои гравитираат околу нашето удобно опкружување.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Да ја истераме темнинта шо поминува низ вашата глава, затоа што луѓето се способни да се справат речиси со се.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сѐ ќе најдеме начин, сѐ ќе измислиме нешто да ги одложиме своите работи, да ги одбегнеме ако може.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Се сеќавам на едно место во делото на Анри-Пјер Рош (Henri-Pierre Roche), каде стои дека сте рекле како секогаш се трудите да го најдете начинот да си противречите самиот на себеси.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Бараше луди излези од тоа што го претпоставуваше: мораше да најде начин да го провери претпоставеното.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)