најде (гл.) - лице (имн.)

И секогаш му успеваше да се изнафали, а што повеќе врева правеше, толку поопасен стануваше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Та јас сам можев река од крв да пуштам да тече по Балканот, - рече тој и при тоа одеднаш му набрекна вратот, ја крена главата и јас се најдов лице в лице со лик на страотен јунак од сказните. Наши.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тој прво се скочани, сосема тептисан, кога се најдоа лице в лице, а потоа на оној парталав створ му беа потребни само неколку мига за да ја спрашти во пепелници по трагата надолу.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Па така, кога тој одеднаш ја сврте главата и се најде лице в лице со неа, таа сè уште концентрирано го следеше ритамот на музиката по која се движеа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Две милји подолу од патеката од стариот Форт Евинг, тој се најде лице в лице со едно ужасно суштество, кое го викаа Кинг Џејмс,17 качено на застрашувачки бесен коњ од расите растени на Кентаки.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кој знае што понатаму се случи на покривот, и со коњите и со покривот, но овде во дворот, пред влезот во мојата куќа се најдовме лице в лице со времето.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Најпосле се најдоа лице в лице и изгледаше дека негова единствена желба е да избега.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога една година беше во Свети Наум во Охрид, му се случи да клекне пред гробот на светецот, да го навали увото врз надгробната плоча за да му го чуе чукањето на срцето при што се најде лице в лице со милоликото лице на непозната, ама баш жена каква што мажите посакуваат и чие срце чиниш веќе биеше во склад со срцето на Спира Клечев - Заволијата и Испустениот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)