најде (гл.) - клуч (имн.)

Чукањето се повтори. - Почекај додека да го најдам клучот! - свикав.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Мислев во нив ќе го најдам клучот на она што не ми дава спокојство.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Чекајте, сакав да викнам, чекајте, јас сакам да го најдам клучот за откривање на невозможното. Не викнав.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Зошто се таиш вака во темница?“ го запраша буричкајќи по џебовите да го најде клучот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)