најде (гл.) - девојка (имн.)

По кусо време двајцата другари успеаја дури и да најдат девојки – две Србинки – Мица и Радица – ученички во осмо одделение со кои подзастануваа кога ќе се сретнеа некаде в село, си праќаа писмени пораки
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се фати до него не пуштајќи ја Јага, која го влечеше попот а тој пак најде девојки, сестрите на Геле, има мавна со рака, ги повика - и наеднаш се развиори врескав и трепетлив и шарен ред луѓе и жени, веќе не се можеше поинаку: дури и најстарите почувствуваа дека им потскокува срцето во обрачите на ребрата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Дивно би било кога би нашол девојка што има солзи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сакав само да речам дека јас Silvia la casamantera la mui celebra de Dorcol i todo lo Bilugrado9, сум само орудие во Неговите раце, па ако е Неговата волја, и за син ти ќе се најде девојка спроти него”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Значи да е добра и млада и од семејство и...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Откоа чу тие зборои син му од царо, оти у сонцето имало девојче според него, си обул едни железни опинци и ја опраило кај сонцето.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Најпосле, беше му кажал некој човек да оди кај сонцето и тамо ќе најдел девојка, според како што сакал.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Море, арно да ѝ ја земиш, ами ако се сети, после кај ќе бегаш?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тој бил многу тамафќар и многу завислив; да не видел нешто арно у другега и да не му го земи.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Си отишол Лалата кај царо и му кажал оти му нашол девојка умна и разумна и му ја свршил.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)