најде (гл.) - си (зам.)

- Ти најди си сенка, - рече едниот - а јас ќе се лекувам овде на сонце.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Најди си друго пенкало! Не ме интересира!
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Нешто како се грижи околу децата, како ќе им кажеш и тоа, ама те чека изненадување, и, дури ги бакнуваш рано наутро за да им соопштиш дека, ете, си се заљубил, ти се врти нервозно и ти вели: „Оди бре, тато, најди си женска и нејзе гушкај ја“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Санким тој е прв или последен што си нашол друга! Ти најди си друг!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)