најде (гл.) - себе (зам.)

Тоа е затоа што често толку многу се залетуваме во лево што се најдовме себе си на екстремно десната страна.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Како да не сум ваква кога очигледно сè уште не се најдов себе си.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Така сите ќе се најдат себе како дел од таа тага.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ги оставив пријателите и непријателите за да се најдам себе во која група спаѓам. Веројатно во двете по малку.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тоа дозволува многу, ослободува неограничено и дава шанса секој да се најде себе си вистински, без социјален притисок или какво било друго оптоварување.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Се најде себе си закопан над колениците во снегот, крај дирата, која полека, трпеливо ја полнеше врнежот. Помисли: Си нашол по кого...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Знаеше дека тоа во оние двајца беше некаква неразбирлива желба, што ги тера сите мажи да појдат еднаш и да преспијат среде снегот, да се најдат себе си еднаш мирни среде тој снег, а после долго да прикажуваат за тоа, како за нешто големо.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Можеби за болот друго срце треба и тагата да е лач на месечината, можеби јас нема да се најдам себе, можеби ... Но слеј се, слеј се со тишината.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Помогни ми да те пронајдам, да се најдам себе си во овој вртлог на ништо. Покажи ми го патот кон слободата, се купува ли на кило можеби?
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)