најде (гл.) - некој (зам.)

Но, морав да најдам некоја утеха или, некој вид помирување, како што се вели, со фактите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не можеле да најдат некое обично, старо синџирче, ако веќе тоа им требало за правење магии?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
А баба ни ќе речеше - е ајде де, ама не ме сака Борис си нашол некоја помлада таму.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Неправедно е ова од Господ, велеше таа.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Татко му ова го проследи со коментарот дека тој уште кога за првпат ја видел знаел дека таа вртиопашка отсекогаш била подготвена на такво нешто, но тој да не се грижи, туку по завршената работа да се врати во Софија, не во оној брлог во кој живееше со неа, туку во својот вистински, дедовски дом па тогаш „ќе се најде некое ново и умно решение”.  За Константин З. сè стана безумно.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Да зема и јас некоа лиричка со лесно. Не гледаш, со работа тешко се вадат тие пустињи, та затоа и те прашам и моља ако имаш некој приател, земи и ти на твое име, прибери и, та ќе се врата по некој пазар и друг, ќе и прибера и ќе ти и броа паричките.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— некако се приближи до вистината Раиф Ефендија од Дедебалци кога Митре Гулев му се довери и побара да му најде некоја и друга мартинка за „добри пари".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Уште пред да се стави софрата Толе поддена разговор со Тодора за најобични работи: дали ќе најдат некое добитче да купат; како се со цена, како е сеното, седбата, овците итн., додека една голема врева од кудата не им го обрна вниманието, та Толе го праша Тодора: — Кој се ниа тамо, шо се смеат толку цела вечер?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе се најде некој авалеџиа, бег или наш чорбаџиа шо ќе даде некој грош за децата да јадат, а за второто — неоти и вака главата ти е сигурна?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од хотелската тераса во Охрид сега го пулат езерото неоти во неговите бранови или можеби во ближните егејски бури ќе најдат некоја капка од тајната за смртта на Моцарт, а можеби би одиграле и една партија билијар со пластичните бови во сите бои наредени на езерската плажа.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
„Аха, да. Рибата ми ја отвори вратата, јас ѝ кажав дека ми треба дел од нејзиниот задник и ѝ ги треснувам оние дваесет зелени.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ги ставива на таван за да ги најде некое момче. 26 Margina #11-12 [1994] | okno.mk Jacques Derrida okno.mk | Margina #11-12 [1994] 27
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се осмелувате да кажете, „можеби ќе посакате“ кога сте родени.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Додека синот чита стрип на тревата, му приоѓа татко му и вели: „Синко, еве ти дваес долари; сакам да најдеш некоја добра курва и да ја цепнеш”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Си помислив и на тоа да не си нашол некоја друга и да не пошол по неа, па да си го смени името и да почне друг живот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Помалиот син, пак, веднаш по него најде некоја Висока туристичко - угостителска школа во Охрид, каде што одеше само да полага испити а инаку си седеше дома, освен кога во туристичката сезона престојуваше таму на практична работа што му доаѓаше ем нешто како летување.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Како? - Па вака: ти да си најдеш некоја со наместен стан, со перспективна работа, со национализиран мираз или имот, со специјализација во странство.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тоа го охрабри, или го насочи, или го поттикна, или просто го подлажа да напише еден драмски текст, од кој театарските уметници толку се изненадија што дури и се намуртија, па одвај се најде некој почетник режисер да го постави на една провинциска сцена, некогашна коњушница на некогашна касарна, што живуркаше со половина душа, одвај собирајќи премиерска публика, а не пак да собере некој денар за авторски хонорар.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во нормални услови тој ги пушташе одвоено од говедата, за да не се создаде турканица, за да не се најде некоја пред роговите на некое од говедата, за да не биде некоја изгазена, но сега не водеше сметка за тоа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Вистина е дека не е ујгун... Да одиме сите заедно треба да се најде некој да се остави во куќава, за ајваните, за полето...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
„Камо јас да можам да најдам некоја женска во овие мочуришта.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Да одиме во она кафеанче – предложи преведувачот – можеби таму ќе најдеме некој што знае повеќе. Прифативме.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Денеска, шетајќи се покрај реката, Сани забележа дека овој пејсаж е различен од okno.mk | Margina #32-33 [1996] 164 било кој друг.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
После некое време би можела да се омажи за шерифот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Би можела да работи во крчмата и да најде некоја Индијанка да ⥊ го чува бебето.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Морам да најдам некое место да запрам, зашто набргу веќе нема да можам да чекорам“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сакаше повеќе од неа, сакаше повеќе надвор од неа, сакаше таа да биде некоја друга, сакаше да бара и да најде некоја друга, а не неа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сопрво зело едно магаре и отишло в планина, та одило од бука на бука за да најди некоја бука поедра, да ја пресечит и дрва да си тоарит по арни, за поеќе пари да чинат, а не како напред, што собирал дрва танки, што да се продаваат за грош и педесе пари.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Нашол една таква бука и легнал да ја сечит.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
При сѐ тоа Силјан си патуал со голема надеж да најди некоја трага и докај пладне изодил угорното, та се качил на планината и кога се опулил натамо, видел едно поленце опколено со планинки и ридои, прилично како прилепцкото.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Сполај ти, Господи, сполај ти - си рекол сам со себе Силјан - дали на Крушово се наоѓам овде и го гледам нашето поле?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Време е од рано-рано разграбано, ама за наши луѓе, ќе се најде некој постер од Млади бунтовници.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Го погодила времето за трески! Ја нашла некоја извидница и ја силувале.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе го најде некое дете, ќе открие во него нов свет и ќе се израдува.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Мечтае како еден убав сончев ден ќе го најде некое мило детенце и ќе си го присвои.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Затоа, ќе најдам некој кој ќе ми го држи ритамот на животот, на тангото на мојата судбина.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Претпоставуваше дека може да ѝ верува оти таа ќе најде некое безбедно место.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ќе се најде некоја работа - рече Лиле.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Веројатно нашол некоја Германка, штом бара судски развод. Сигурно ќе се жени.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Најмладиот брат, Трајко, одамна беше вдовец и никако да се најде некоја жена што ќе и помогне на Митра.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сѐ ќе си најдеше некоја маана да дојде кај нив.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— „Ајде море да преврла, белки ќе најда некое суво дрво да занеса за вурната!“ — и го потера магарето нагоре. На самиот Трибор ја сретна потерата од десет петнаесет аскери со Сулиман чауш, задишани, разградени, распењавени: слегуваа долу Шопковото бачило.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А што да се прави кога ќе се стане? Да се тргнат децата од оваа ѓурултија, да се најде некое поосамено место.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Нив ги гледа и Петра и не се чуди како Митра, луѓето нашле некое пошироко место , бегаат од ѓурултијава.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Мора да се најде некое решение.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Го легнувам прво мојот идиот за сериозно да ме остави на мира...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ќе сакав, сепак, да најдам некоја пара, два три шилинга можеби за да си купам „gin- ger beer”, добро е за по пат...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Решиле родителите да го оженат, но ниедна не го сакала од селото. Нашле некоја од некое подалечно место.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Од оној ден кога Бонети расположен кај рибарот Дејко му рече на кметот да му најде некоја жена, кметот го стави тоа на ум и почна да му бара. Но ниедна не сакаше да чуе. Реши да ја наговори братучетка му Цара.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се вртеше во постелата возбуден, нервозен; се поткреваше одвреме-навреме и пушташе рака кон столот, ја пофаќаше празната кутија од цигари, ја отвораше, чинејќи му се дека не ја избарал добро, дека ќе најде некоја преостаната; пипкаше со прстите низ нејзината внатрешност како слепец, како болен човек што посега по некој спасоносен лек; ја гмечеше кутијата со сиот бес туткајќи ја во рацете.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Бонети времето го проведуваше во селото настојувајќи кметот да ја одоброволи братучетка му Цара, или да му најде некоја друга жена.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Просто стравував да не мусе случи да дојде таму да најде некоја Фирмјанка да му го загорчува животот во Канада и да не доживее ниедна љубовна авантура во Охрид...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Таа матарката, каде е? - Зошто ви е матарката? - Ни треба малку. Додека да најдеме некое кутивче.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Јас, - рече Шишман скоро решително, - ако најдам некое згодно камче ќе го земам.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ах, мајката, си рече и се разврте околу себе да најде некое дрвче за чививче, па седна да ја стегне.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Се сети зошто Горјан и Огнен го праќаа в село и остануваа сами со коњчето и зошто Тале сè ќе најдеше некоја работа само и само да го оттргне од коњчето.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Пред се тоа Силјан си патувал со голема надеж да најде некоја трага и до кај пладне го изодил угорното, та се качил на планината и кога се опулил натамо, видел едно поленце опколено со планинки и ридови, прилично како Прилепското.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Се нашла некоја рака да го прецрта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе најдам некој процеп.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тоа никој не го сети. Не го сети, ниту, пак, се најде некој на самото место што би сакал да се сети.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Само да најдеме некој учен, кој на хартија ќе ни прави цртежи на куќи, а ние со скепарите и со мистриите... - мечтателски воздивна Кољо.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Белки ќе се најде некој што му може, а? - Белки ќе се најде...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Море наполни ми ја порцијата со таа твоја помија и најди некое зрно повеќе. Ти пливаат, море, зрната, како што ти плива умот, море, шутрак шиклест...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Има значи такви луѓе, не се ретки, што претеруваат со фалбите, па само ако најдат некоја жртва да ги слуша, ќе солат, ќе солат, та и ќе пресолат.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Мајка ми му рече поарно да ставел камен околу вратот и да нашол некое море одошто таков што дошол.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Знаев дека тоа е невозможно, па сепак, кога третиот ден по смртта на дедо ми Баџак тато нѐ однесе во дедовата куќа во Влае, одев од соба в соба и внимателно разгледував да не најдам некоја трага од присуството на дедо ми што би значело дека тој сепак е жив: некоја недопушена цигара во пепелникот, тукушто соблечена кошула, чорапи свиткани и ставени во „беж“ еспадрилите што најчесто ги носеше, очила врз отворениот весник на канабето во дневната соба, недоиспиено, сѐ уште топло кафе...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Јас, меѓутоа, го земав мошне сериозно и уживав, бидејќи најдов некои заеднички точки меѓу шахот и сликарството.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Кога стигнавме горе, Мане нашол некои чевли па ги облеков, а на петите имаа некои потковици како на магаре, па само што ќе стапнев потковиците ќе го кренеа снегот под нозете и јас пак останував боса.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Никогаш потоа не дознав каде е тој човек, барем да му се заблагодарев што ме спаси.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Проучувајќи ја историјата пред нас, најдов некои византиски списи во историјата на Никита Акоминат, за вашите самостојни господари на тврдината Просек. Добромир Хрис и Добромир Стрез, така ли се викаа?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Да најдеме некој што ќе нѐ весели. На пример, славејот - рече некоја од мравките.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)