најде (гл.) - некаков (зам.)

Затоа тој со сите нив ги делеше и тајните на своето срце, им раскажуваше за сѐ, без да ги крие од никого дури ни најсрамните нешта што ги правел, но и без да се обидува да најде некакво упростено објаснување за тоа зошто и како се изменил.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Уште пред да може да им се најде некакво поголемо значење на нејзините врели и недоречени написи (секако под псевдоним) во весниците Дрошак и Про Армениа, некако во времето ерменско- македонскиот митинг во Париз, во 1904, или порано, Рубина Фаин сѐ почесто сонува црвени пожари и виорења на пламени знамиња над кои, сличен на легендарниот громовник стои таткото на ерменското револуционерно движење, Кристапор Микелјан, жолт, расторбешен, куц и брадест, сличен и на праматар и на изгладнет филозоф, човек во чии очи можела да се прочита болката на сите испозаклани Ерменци од преострите сабји благословени од самиот султан, од неговите суви усни без насмевка и затворени во венец на побелена брада, света и злокобна како за него.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Беше сигурен во себеси. Арсо требаше да најде некаков излез.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Повремено наоѓаа парчиња од грнци, тули, најдоа некаков сад, мал, сличен на кандилце, откопаа неколку коски, а археолозите сето тоа го редеа настрана, составувајќи одделни делови, грижливо бришејќи ги од земјата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не очекуваме дека би можел да најде некакво уживање во гладувањето.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Но и сакав да најдам некакви одговори на нив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Пред нив се најде некаква широчинка, нешто како полена, сретсело, низи од долги двокатни куќи од едната и од другата страна и бидејќи токму таму ги поклопи црнината на ноќта, џамовите лснуваа со таинствена жолта светлина.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Вистинскиот амбасадор, според нејзината замисла Бев уверен дека, изневерувајќи го предодредениот татков пат за судбината за патот на спасувањето на своите чеда на Балканот, јас како да го вложував сиот живот во неговата утопија да најдам некаков нов излезен пат во кој ќе ја дооткривав сложената таинствена тишина во неговиот живот, моќта на премолчување кога опасноста најмногу демнеше во меандрите на неизвесната балканската судбина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На ова можам да гледам само позитивно, како на добра лекција за во иднина. M Драга Нора, слушнав за еден твој нов проект што е поврзан со децата-бегалци од БиХ.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Проблемот станува дотолку побизарен, што конфликтот има шанси да прерасне во судски спор, се разбира доколку не се најде некаков компромисен договор.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Меѓутоа, татко ми мораше по исчезнувањето на Чанга со козите во утробата на тврдината да најде некаков пристан за своите неспокојни мисли.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Требаше да се трага по смислата на неговите книги во неговата библиотека, во нивниот распоред и односи со другите книги, требаше да се трага низ еден лавиринт, за да се најде некаков излез, или влез во друг лавиринт, да се живее само низ утехите на потрагите, да се има спокој на надеж само на крстопатите на балканските лавиринти.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Откако подели што подели и најде некаков спокој во душата, друга мака го фати.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)