најде (гл.) - кој (зам.)

Спротивните аргументации не даваат можност да се најде која е најправата и затоа Македонецот решава дека сите се лажни и дека има само една непобитна вистина: Македонците Словени се Македонци и Словени, следствено, треба секој Македонец да ги чува интересите на својата татковина и на својот народ, а не интересите на пропагандите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се најде кој ука да ми дава како се варди пламенчето на коренот или пак знаеш што значи некој само еднаш да ти бркни во тебе и да те остави со тежина за цел живот а тој да ја цапа дуњата заборавајќи дека некаде го запалил пламенчето на нов живот и ти велам не туку ломоти не ми кажувај како треба да ги довардам знам јас како се вардат оти угол сама го довардив тој што ги оплодил овие семчиња заминувај си од мојот сон остави ме да се соземам утре ќе ми треба многу сила сега си нашол да ме учиш што и како кога пред мене си само сенка!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Се најде кој да бележи пат... го обележавте вие... и тие...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ќе немаше да најдам кој да ми ја зголеми сликата на Козакот Семјон Иванович.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ќе се најде кој да нареди – да ни цркнат козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Е, на 5 април 41-та, дента пред да почне војната, токму спроти света недела, еве ти го на портата Лазо Телеграмата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)