најде (гл.) - испружи (гл.)

Го нашле испружен на патот, главата цела крвава, мртов...
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Сметам дека повеќе нешта се замешаа во ист момент и на исто место така што сè она што се случи потоа мене ми заличи на лизгавица која и не води многу сметка за тоа кој на неа прв стапнал туку кој прв ќе се најде испружен.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Иако за глава покус од Миќо, јас бев спечен и жилав и знаев многу вешто да се служам со борењето со сопки, та Миќо за час се најде испружен на земја.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Така по едни празници, кога неколку дена по ред не се појави никаде - ни дома, ни на работа, ни меѓу луѓе - насила му ја отворија вратата од кабинетот и го најдоа испружен на болничкото легло за пациенти, оладен, здрвен, бескрвен и помодрен како на смртен одар.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)