најде (гл.) - застане (гл.)

Но дали го издвоив од виорот на разиграните Козаци, или го најдов застанат настрана, дури ни сега не можам да се присетам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Вака е полесно! - довикна кога се најде застанат на засекот со двете нозе.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Остана, сѐ дури не помисли на себе. Остана, сѐ додека не се прибра од сите страни, каде што беше расплинат, сѐ додека не се најде застанат и заблуден во таа темнина. Сега се повлече во своето легло.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)