најаде (гл.) - и (сврз.)

— Таман се позавати горедолу со сермиичка, па ете, го најде ампа, му умре Стоанка и сега пак остана како никој нигде, ни опран, ни закрпен, ни асолно најаден и одморен.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Каде да ја најдат? Па таа цело време се крие по планињето и само ноќе поминува низ селата колку за да се најаде и да се стопли и наспие и тоа секогаш го прави скришум од народот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Пред шест дена тие тргнаа во напад бодри, сигурни, најадени и напиени и додека не стигнаа на дофат на куршумот, се корнеа од смеа, раскажувајќи си шеги на сметка на грчките бандити и славомакедонските комунистички банди.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Додека размислував за кафанскиот патриотизам од бифето ко Чико од Загор, најаден и напиен со надмен став влезе Јанакис Крадулис.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
КРТОВИЦА: Ве најадов и ве напив, убаво и за мерак!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Што требаше да биде тоа „Ќе ви...“? Ќе ви покажам јас вам, или ќе ви дадам отров, или ќе ви ја заебам мајката и сестрата и сѐ живо и мртво, или ќе ви стокмам слика од мене да се крстите пред неа, или ќе ви го сторам ќефот, ќе ве најадам и ќе ве напојам, или ќе ви ја земам силата, и така обесилени, ќе клечите пред мене и, тресејќи се, ќе молите и ќе чекате, оддалечени долу, под моите коленици.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Извади од ранецот два сендвича со маргарин и салама и откако се најадовме и се напивме вода од реката, дедо ми почна да ми раскажува.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Со камења и прачки ги спотеравме и собравме и леб и јаболка, а имаше и по некое парче пита. Се најадовме и остатокот в џеб.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Дури и во оние часови кога наполно згаснува петербуршкото сиво небо и целото чиновничко племе се најало и завршило со ручекот, кој како можел, во сообразност со платата што ја добива и со сопствената желба,  кога сите веќе се одмориле од канцелариското чкрипење, трчање, од својата и туѓата работа и од сѐ она што доброволно, дури и повеќе отколку што е потребно, си го поставува никогаш несмирливиот човек – кога чиновниците брзаат да се препуштат на уживање во преостанатото време: кој, од поиницијативните, брза в театар, кој в град, да го потроши времето за да се изнагледа секакви шапчиња; кој на вечеринка – да го потроши на комплименти на некоја згодна девојка, ѕвезда на неголемиот чиновнички круг; кој, и тоа се случува најчесто, оди едноставно кај сличен на себе на четвртиот или на третиот кат, во две помали соби со претсобје или кујна и со некакви модерни претензии, ламба или некој друг предмет, што чинел големи жртви, лишување од ручеци, од излегувања, – со еден збор, дури и во тоа време, кога сите чиновници се губат по малите станови на своите пријатели за да поиграат бурен вист, сркајќи чај со евтини кекси, повлекувајќи чад од долгите чибуци, раскажувајќи за време на поделбата на картите, некаква интрига што стигнала од високото општество, од коешто никогаш и во никаква состојба рускиот човек не може да се откаже, или, дури кога нема за што да се зборува, прераскажувајќи ја вечната анегдота за командантот, кому дошле да му кажат дека му е потсечена опашката на коњот од споменикот на Фалконе, – со еден збор, дури и тогаш кога сите се трудат да се забавуваат, – Акакиј Акакиевич не ѝ се предаваше на никаква забава.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)