најавува (гл.) - дека (сврз.)

Пред два месеца, Лила требаше да му се придружи тука и да му ја скрати многумесечната осаменост, но таа веќе по третпат му најавува дека сѐ уште не ги решила прашањата со одржувањето на нивниот комфорен апартман, па уште извесно време ќе остане во Софија.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Безмалку бев го заборавил, а не смеев, зашто ми најавуваше дека се подготвувал да дојде во посета.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Затоа и ми беше пријатен тој негов Русин, тој генерал, кој никогаш не нѐ посети иако татко ти постојано најавуваше дека сигурно ќе го доведе на оној негов боршч што го спомнуваше толку често, па јас напати и мирисот му го сеќавав.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Вистина ти велам. Ете, од сите луѓе помеѓу Козаците и Русите за тој генерал Јенков најмалку имав слушнато, а сепак ми беше многу драг.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Болоња! Се сеќаваме како Дирер во едно писмо уште од 1506-та најавува дека ќе замине за Болоња за таму да ја научи „уметноста на тајната перспектива“. 1649-та се појавува Cabinet des anamorphoses comiques на Де Брил.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)