наѕира (гл.) - небесен (прид.)

И затоа постојано беше во неа: ги гледаше извонредните композиции, разните мотиви од овој и оној свет, од животот и смртта; ја гледаше огромната вечност, огромното божје царство населено во овој мал простор, во секое делче на ѕидовите, на сводовите, столбовите, куполите; чкрапаше со апаратот и ги сликаше ликовите воодушевен од нивниот природен израз близок до човекот, до радоста и тагата негова, со бои што го оживуваат, што ја потсилуваат драматиката, трагиката, и со темен фон зад кој се наѕира небесниот свет, обземајќи те со таинственост и возбуда.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)