наѕира (гл.) - во (предл.)

Од таа страна на ѕидот се наоѓале харемите, па убавиците можеле да наѕираат во салата и да имаат допир со надворешниот свет само низ овие мермерни решетки.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Наѕирнувавме во берберницата каде што меѓу кафезите со канаринки и олеографиите што претставуваа сцени од „Отело“ висеа несмасни гравури со бродови: на нив се гледаше пропаста на „Титаник“, кревањето во воздух на „Гвадалкивир“, потопувањето на „Луизитанија“. okno.mk | Margina #26-28 [1995] 146
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Таа понекогаш се наѕираше во твојот несериозен начин на скокање од зградите, а понекогаш невино и наивно се смешкаше мавтајќи со своите бели заби, како што мавтаат белите гаќички на тенисерките под здолништата разиграни.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
„Зар е можно да паднат и да пуштат корен опасните бацили токму тука?“ и полека и сигурно во мачниот тек на иследувањето се создава во него нешто како обврска, одговорност за нешто и некоја не сосем определена виновност, што се создава од самата службена потреба да се наѕира во душите, во мислите...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А зад хризантемите се наѕираше во аголот памучниот палјачо. Беше нем. Тоа беше само игра.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
По светлото небо пловеше месечината, наѕираше во колибата со своето насмеано лице и како да им се потсмеваше на двајцата заспани другари.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Ваквата намера ја наѕираше во нејзиниот поглед.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но бидејќи често не ги разбирам научните прилози од областа на правото, ми се случува, читајќи, да си го поставам прашањето: дали новите перспективи кои се наѕираат во меѓународното право би можеле да бидат од таква природа што би му овозможиле своевремено на вашиот татко да замисли извесни подобрувања на положбата на балканските народи?
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Кога ќе наѕирнат во шпајзот – тој е на балконот.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Наѕираме во секое цветче, во секој боливач, на секоја јаглика.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Луѓето си мрдаат со главите, се вртат: „На Чако, на!“ Го вабат, наѕираат во тремот, во пондилата, под тезгерето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А пилињата, да не знаеш што да им кажеш. Ќе ти дојдат на пенџере: врапчиња, сојки, сколовранци и ќе ти удираат со клунчињата на џамот. Ќе ти наѕираат во собата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)