натовари (гл.) - на (предл.)

А сигурно го убиле патема и го закопале некаде незнаено каде.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Утрото, рано пред да се раздени, Ордана го натовариле на коњ, божем за да го однесат во џандармеријата во Алинци, и уште еднаш поштук не му се најде, рекоа избегал во Бугарија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Натоварија на коњи и магариња најосновни работи за јадење и покуќнина и тргнаа кон подалечните и побезбедните села и градот, како во збег.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сосила го натоварија на брод и го испратија за Атина во февруари од претходната зима на истата таа 1943 година во која, ете, митрополитот го чекаат да се врати дома по овој сив и ветровит ноемвриски ден.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Така, наскоро дојде до капитулацијата на Италија, до настапот на сојузниците во Сицилија, сѐ почестите англо-американски бомбардирања на окупираниот европски континент, додека на Закинтос се случи примопредавање на власта од солдатеската на Мусолини, на веќе поразуваната, но и раздразнетата Хитлерова војска.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Бори се и ќе поживееш. - Со кого да се борам, каква судбина? - Таква.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Подоцна, многу подоцна, се чуло во Кукулино од некои кираџии дека се вратил оддалеку маж ѝ на Фиданка Кукникова и исекол поголема гранка од дуњата во дворот, ја исчистил од кора и ѝ ја измерил тежината со десната рака, бил висок, со светла коса и имал во торбите и дисагите што ги донел на маска секакво богатство; веднаш, со првата ноќ на неговиот втор живот во Лесново, ги спобркал сенките што се грчеле со машки воздишки околу неговата куќа сѐ додека не натерал тројца никаквеци да се напикаат во манастирот па тој таму без збор ја дигал и ја спуштал ластегарката поттикнуван од цел куп жени што дошле да ги собираат своите парталковци и да ги лекуваат дома од модрици и навреденост со толчен печен кромид во зејтин, потоа, по три или четири месеци, кога можело да се види дека прочуената убавица затруднела, попот знаел дека ќе остане без нова кошула, без нови чорапи и без куќа иако Доце Срменков му рекол дека ќе му купи нови опинци и, повторно облекувајќи ја везената кошула, отишол во некое штипско село по осамена вдовица со момченце од три години и со покуќнина што можела да се натовари на два магарешки коша, така било, селото се наполнило со доенчиња до првата протока на ракиските казани во сувите дни кога младите татковци се насмевнувале со модри усни кон Фиданкиниот маж од чија ластегарка сѐ уште накуцувал ситноглавиот Гавруш Пребонд но тој и порано со есенските 'рѓи чекорел под тешката облека со една здрвена нога од настинка и веќе се пеело, законите на Лесново или биле измислени заради дојденците или се заборавиле, и се кршел каменот по пештерите, впрочем и можело - на небото потрепетувале многу повеќе ѕвезди отколку што ги паметеле луѓето во тоа кратовско село.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Суровата игуменија Минадора рекла со скаменето лице неколку утешни зборови и го развеала манастирското знаме со извезен лик на маченикот Никита.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во тој ист вторник, иако очајот и плачењето не стивнувале, жените, дури и оние самохрани леунки и трудни вдовици наполниле неколку карти со ракија од диви круши, од грозје и од цреши и натовариле на две магариња дисаги со леб и лук, па една по друга, секоја со запалена борина во рака, пошле да ги пречекаат последните од дружината; да ја плашат со оган и писок чумата или улерата, болештина што им била позната на дедовците, еднаш, којзнае кога, додека и пците бегале од злото и се јазеле по врели карпи далеку од сите човечки патила, и побеснувале, и станувале гозба на волчи свадби или се здружувале во глутница со ревење да ги заплашуваат чобаните и бачовите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дошла болештината, значи судбината ти ја натоварила на грб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Државните работи му ги натовари на Великиот везир.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Со Трајчета ги прибраа падобраните и ги натоварија на Дорчо. Потоа се поздравија и тргнаа в село.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
А потоа, кога Белогардејците и коњите се натовариле на бродот, еден по еден, почнале и тие од отстапницата да се повлекуваат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)