наталожи (гл.) - во (предл.)

Во нашите сетики има нешто останато, некои зборови, некои пораки, некои случки, сѐ е тоа наталожено во вашето памтење и кога тогаш може да ви послужи.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Долго збораниот бес, наталожен во него, загина; остана само некоја тивка тага и самосожалување.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Целосно ја крена браната за да истече сиот пелин, чемер и јад што ѝ се беше наталожил во душата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Оче Симеоне, не ти е достапен мракот на војната, наталожен во твоите зеници?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)