настрви (гл.) - на (предл.)

Изгледаше како некои невидливи огромни чудовишта да се настрвиле на нас, ја поткреваат земјата и бараат уште жртви.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Фелдфебелот беше конечно збунет, а беа збунети и другите зашто имаше повеќемина што беа настрвени на Србина кога го видоа другарот мртов.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
А таму се сретна со несреќните врапчиња и се настрви на нив.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Мојот Тим се настрвил на едно дете. Сврдел, чинам дека така се викаше.”
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Не можеме слободно ни да дефилираме овде, кучиња се настрвиле на нас.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)