настапува (гл.) - нов (прид.)

Беа свесни дека нема никогаш да ги опфатат во нивната потрага сите османскотурски заемки, но до некаков компромис мораше да се дојде, ако не денес утре, задутре.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се насетуваа првите пукнатини на биполарниот свет.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Настапуваше нов светски поредок.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
XXXV Настапуваа нови времиња. Татковиот живот ја губеше некогашната моќ.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Очигледно настапуваше нова, завршна фаза во мисијата, во тоа беа уверени и обајцата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)