настапи (гл.) - на (предл.)

Значи, што се однесува до задолженијата во мандолинскиот оркестар сè тргна од добро подобро.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Членовите на британскиот музички состав, „Кошин“, за да настапат на отворањето на музички фестивал во Бања Лука, побарале од организаторот за време ручекот да им се сервира топла супа во која нема да мрда, ама јасно ќе се гледала опашка од вол, а питата што требала да има централно место на трпезата, морала да биде свинска.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Просто човек во пролет, кога се видеа дивите пајки и дивите гуски, требаше да внимава кај гази низ ливадите за да не настапи на некоја седелка.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Навечер воларите се враќаа со полни капи јајца од диви патки и од диви гуски, а во неделите и празничните денови луѓето со кошници тргнуваа низ Беговски ливаѓе за да собираат јајца.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Настапиле на Балканот со стратегијата: раздели па владеј!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
За среќа козата само прошетала низ сцената, публиката ништо не забележала, верувајќи дека козата настапува на сцената.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Извесно нарушување настапи на немузички план: петорката фати да ни се разнишува. Веќе по првото отсуствување поради оркестарот Љупчо ни замери.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)